Фудбал
ТРАГЕДИЈА ВО ФРАНЦИЈА-Рефлектори паднаа на стадион и усмртија 38 годишен татко на три деца, вработен во клубот
Трагедија се случи во Франција по мечот помеѓу Лориен и Рен. Имено, десетина минути откако заврши натпреварот, конструкција која држала рефлектори паднала на 38 годишен човек вработен во клубот како домар и го усмртила.
Иако пристигнала медицинска екипа и му пружила помош, сепак не успеала да го спаси неговиот живот.
Според француските медиуми починатиот маж имал 38 години и бил татко на три деца.