Фудбал
Арсенал го пречекува Сити без Обамејанг
Фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг нема да биде подготвен за натпреварот против Манчестер Сити во Лига купот, потврди менаџерот на лондонскиот тим, Микел Артета.
Искусниот фудбалер веќе го пропушти натпреварот против Евертон во саботата поради повреда на мускулот.
,,Обамејанг се чувствува многу подобро од претходните два дена. За неколку дена повторно ќе биде на прегледи, а потоа ќе знаеме кога ќе може да биде на теренот “, изјави Артета.
„Ние сме свесни колку е важен за нас, тој се чувствува одговорен и се обидува да закрепне што е можно побрзо.”
Обамејанг оваа сезона постигна пет гола на 15 натпревари.
Дуелот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити е закажан за вторник во 21 часот.