Фудбал
Сити без засилувања во јануари: Сите клубови се во проблеми
Манчестер Сити веројатно нема да биде активен во јануарскиот преоден рок, поради економските последици што ги остави пандемијата на коронавирусот, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.
Сити постигна 19 гола на 13 одиграни натпревари во Премиер лигата, па новинарите беа заинтересирани дали Гвардиола планира да донесе нов напаѓач во претстојниот преоден рок.
„Не, не мислам така затоа што економската состојба во светот е таква каква што е“, рече Пеп.
„Сите клубови се во проблеми. Ние не сме исклучок “.
Сити во моментов е седми на табелата во Премиер лигата, со осум бода и натпревар помалку од лидерот Ливерпул.