Connect with us

Фудбал

Македонски репрезентативец прогласен за најдобар фудбалер во Хрватска

Големо признание за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Тој е прогласен за фудбалер на годината во Хрватска. Капитенот на Динамо Загреб пред неколку денови стана фудбалер со најмногу настапи во дресот на хрватскиот тим во Лигата на шампионите.

„Мислам дека нема поголемо чест и задоволство кога ќе те изберат за најдобар играч и тоа луѓе кои ја прават истата работа што ја правиш и ти. Овој трофеј ќе носи посебно место меѓу моите признанија“, изјави Адеми.

Наградата е уште позаслужена ако се знае дека Адеми бил изгласан за најдобар од страна на сите капитени на хрватските екипи во изборот на „tportal“