Фудбал
ФОТО: Пандев и официјално доби нов тренер, веќе го имаше првиот тренинг
Давиде Балардини и официјално е нов тренер на Горан Пандев, односно Џенова. Тој попладнево го имаше и првиот тренинг со овој тим. Балардини во три наврати претходно беше на кормилото на Џенова. Сега ќе ја има улогата на спасител на тимот со оглед на тоа дека се наоѓаат на претпоследното место со само седум бодови од 13 одиграни кола.
Досегашниот тренер Роландо Маран доби отказ по поразот од 2:0 од Беневенто.