Connect with us

Фудбал

Левандовски призна дека бил подготвен за голем трансфер: Не ме пуштија…

Роберт Левандовски беше прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2020 година од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Напаѓачот на Баерн заслужено ја освои наградата пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо, со што ја заокружи фантастичната сезона.

Сепак, лесно можеше да се случи Лева никогаш да не влезе во ситуацијата во која се наоѓа сега – дека тој е најдобриот фудбалер на светот и без сомнение е еден од најдобрите стрелци на голови во изминатата деценија.

Во интервју за Франс Фудбал, Лева откри дека во 2012 година постигнал договор со Сер Алекс Фергусон за трансфер во Манчестер Јунајтед, но дека неговиот тогашен клуб Борусија Дортмунд го запрел трансферот.

“После втората сезона во Дортмунд, разговарав сам со Сер Алекс Фергусон. Тој ме посакуваше во Манчестер, а јас бев многу заинтересиран. Слободно можам да кажам дека бев подготвен за трансфер, но Дортмунд не сакаше да ме пушти”, откри Левандовски.

Полскиот напаѓач потоа одигра уште две сезони во Борусија, а потоа замина како слободен играч во Баерн.

Тој влезе во својата осма сезона со Баварците. Тој сè уште е феноменален, а досега има постигнато 266 погодоци на 307 натпревари.