Connect with us

Фудбал

Звезда се засили од Интер

Францускиот играч за врска Аксел Бакајоко, кој беше член на Интер, ја продолжува кариерата во Црвена Ззвезда, објави српски Телеграф.

Бакајоко во понеделникот потпиша три и пол годишен договор со Звезда. Тој доаѓа на „Маракана“ без обештетување, со клаузула дека Италијанците ќе добијат 15 проценти од можната следна продажба на играчи.

22-годишниот играч првенствено игра на позицијата десно крило, но може да одговори и на левата страна. Тој дојде во Интер во 2014 година од француската Црвена звезда, но само две години подоцна стана дел од првиот тим за кој дебитираше во 2016 година на натпреварот од Лигата на Европа против Спарта.

Потоа ја помина сезоната 2017/18 во Сошо на позајмица, а во јули 2018 година беше позајмен на Св. Гален. По две години поминати во Швајцарија, тој пристигнува во Звезда.