Фудбал
Ако не сака да остане во Барселона, Меси има три опции
Лионел Меси пред почетокот на сезоната инсистираше да замине од Барселона. Сепак, тоа не се случи бидејќи има важечки договор со Каталонците, кој истекува следното лето и поради тоа што неговиот сегашен тим бараше неверојатни 700 милиони евра обештетување.
Иако работите малку се смирија, Бартомеу поднесе оставка од позицијата претседател на клубот, сепак се уште не е сигурно дали Меси ќе остане и по завршувањето на договорот, бидејќи преговори за продолжување на соработката нема.
Според шпанскиот весник „Okdiario“, Аргентинецот има три опции. Првата е Манчестер Сити, кај Пеп Гвардиола, најреалната, втората е ПСЖ, клуб кој исто така има пари да ги исполни неговите желби, и третата барем според овој медиум е Интер. Иако на почетокот на сезоната челниците на овој клуб изјавија дека немаат никакви шанси да го ангажираат Меси, сепак овој медиум тврди дека „Нероаѕурите“ срамежливо се надеваат на негов потпис.
Доколку го смени клубот, Меси тоа ќе го стори како слободен играч, но секако неговите финансиски барања за годишна плата и бонуси би биле големи, па затоа не секој клуб може да си дозволи да го има во своите редови.