Фудбал
Барселона и Јувентус во трка за ист играч
Според информациите на италијанските медиуми Јувентус е подготвен да влезе во трка со Барселона за ангажман на напаѓачот на Лион, Мемфис Депај. Познато е дека тој е желба на Каталонците, особено сега откако Роналд Куман е тренер, кој смета дека овој играч би ја кренал играта на тимот.
Договорот на Депај со Лион му истекува следното лето, односно по завршувањето на сезоната, па наводно францускиот тим сака да го продаде во јануари за да заработи колку толку. Цената е пет милиони евра, а подобро толку отколку во јуни да замине за нула евра.
Но, останува нејасно само дали Барселона ќе тргне по него во јануари или ќе чека да му заврши договорот. Сепак, со оглед на тоа дека се вклучува и Јувентус, можеби нема да ризикува.