Фудбал
ФОТО: Бензема е новиот „крал“ во Шпанија, „срушени“ Меси и Роналдо
Карим Бензема е прогласен за најдобар играч во Шпанија, односно ја доби наградата „Алфредо ди Стефано“ во организација на „Марка“. Оваа награда му се доделува со години наназад на фудбалерот кој направил најмногу во шпанската лига, а оваа година ова признание за кое гласаат навивачите замина во рацете на 33-годишниот Французин. Бензема во сезоната 2019/2020 се закити со титулата, а постигна 21 гол.
-Многу сум среќен што ја освоив оваа награда, горд сум и среќен. Тоа е признание за напорната работа што ја вложив откако потпишав за клубот во 2009 година, изјави Бензема.
За прв пат оваа награда беше воведена во сезоната 2007/08 кога беше „крунисан“ Раул. Од тогаш, па до денеска наградата заминуваше или во рацете на Меси или Кристијано Роналдо. Но, оваа година Бензема ја урна нивната доминација.