Connect with us

Фудбал

„Нејмар може да се врати во Барселона, но прво мора да бара прошка“

Многу се шпекулира за повторното обединување на Лионел Меси и Нејмар. Многу медиуми пишуваат дека тоа ќе биде во ПСЖ. Сепак, не е невозможно Бразилецот да се врати во Барселона, а таму да остане и Лионел Меси.

За ова зборуваше Жорди Фаре, еден од кандидатите за претседател на Барселона. Тој вели дека Нејмар е добредојден, но мора да бара прошка, а и да ги намали своите барања.

-Нејмар е добредојден, но прво мора да ги намали своите барања и да замоли за прошка. Разговаравме со луѓето од неговото опкружување за „враќање дома“, кој не би го сакал третиот најдобар фудбалер во светот во својот тим, изјави Фаре.