Connect with us

Фудбал

Солскјер: Очајно сакаме трофеј

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се надева дека наскоро ќе го освои првиот трофеј со „црвените ѓаволи“.

Клубот од Олд Трафорд го освои последниот трофеј во 2017 година, кога триумфираше во Лигата на Европа под водство на Жозе Мурињо.

„Црвените ѓаволи“ во среда ги очекува четвртфиналниот натпревар од Лига купот против Евертон, па новинарите го прашаа Солскјер дали се надева на пехар.

„Секако дека е нешто што го сакаме. Целта е да напредуваме секоја сезона, да се пласираме во финалето и тогаш најважно е да го освоиме трофејот. Ние очајно сакаме да стигнеме до пехарот, овие играчи сакаат да научат да победуваат “, изјави Солскјер.

Натпреварот помеѓу Јунајтед и Евертон е закажан за во среда од 21 часот.