Connect with us

Фудбал

ФОТО: Меси го постигна она што се сметаше невозможно, го престигна легендарниот Пеле…

Барселона синоќа го совлада Ваљадолид со 3:0, а во листата на стрелците се запиша и Лионел Меси. Со овој гол Аргентинецот го постигна она што многумина мислеа дека е невозможно. Го престигна легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови во еден ист тим.

Пеле беше неприкосновен со 643 голови во дресот на Сантос, а сега Меси има 644 погодоци.

На социјалните мрежи по мечот се огласи самиот Меси.

-Кога почнував да играм фудбал, никогаш не помислив дека ќе урнам некој рекорд. Уште помалку дека ќе надминам овој на Пеле, напиша Аргентинецот на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Leo Messi (@leomessi)