Фудбал
ВИДЕО: Не се навикнати на вакви судиски одлуки, Павел Недвед во издание какво што не сме го виделе
Јувентус доживеа пораз од Фиорентина на домашен терен со убедливи 3:0. „Старата дама“ мечот го заврши со играч помалку откако Квадрадо заработи исклучување. Имаше реакции на судиските одлуки на овој меч од страна на Јувентус, но најжестока беше онаа во 77-та минута кога по дуелот со домашниот играч Бернандески падна во казнениот простор, а судијата само одмавна со раката. Дури потоа чекаше реакција од ВАР собата од каде исто така рекоа дека нема пенал.
Спортскиот директор на Јувентус Павел Недвед збесна поради оваа одлука, па го напушти стадионот. Легендарниот чешки фудбалер ретко кога реагира на ваков начин.
Nawet Pavel Nedved nie rozumie co się właśnie stało ?pic.twitter.com/Va8lrHTwsm
— Futbolowa Rebelia (@FutbolRebelia) December 22, 2020