Connect with us

Фудбал

Легендата на Барселона: Никогаш не би го одбил Реал Мадрид

Некогашната ѕвезда на Барселона, Бразилецот Роналдо призна дека имал желба да заигра за Реал Мадрид во тандем со Роналдо, оној кој го нарекуваат „вистинскиот Ронало“.

-Би било навистина врвно да играв со Роналдо во Реал Мадрид. Би биле страшен тандем, вели Ривалдо за „Betfair“ и додава:

-Играјќи за Бразил покажавме што можеме, но би биле уште поубиствени во репрезентацијата да ја пренесевме хемијата од клубот. Дефанзивците се плашеа, без разлика каде игравме.

Ривалдо открива дека во 2002 година можел да заврши во Реал.

-Тоа лето Роналдо потпиша за Реал Мадрид. Ме бараа и мене, и навистина ќе беше фантастично да игравме во тандем со Роналдо. Иако Барселона е мој клуб, никогаш не би ја одбил понудата на Реал Мадрид, иако знам дека би завршил како Фиго, вели Ривалдо.

Бразилецот во дресот на Барселона играше од 1997 до 2002 година и на 235 настапи постигна 130 голови.