Фудбал
ФОТО: По понижувањето во Торино, за крај се огласи Кристијано Роналдо
Бројни критики претрпеа фудбалерите на Јувентус од фановите по срамниот убедлив пораз од 3:0 на домашен терен од Фиорентина. Се обидоа да се извинат, прв меѓу нив беше Бонучи, но попусто, фановите се бесни.
Сега, со резиме за случувањата се огласи и Кристијано Роналдо. Тој на Инстаграм напиша:
-Вчера, со лоша партија и резултат, кој е далеку од прифатлив, го завршивме распоредот за мечеви за 2020 година. Посебна година поради многу одредени работи. Празни стадиони, Ковид протоколи, одложени мечеви, други прекини и многу згуснат распоред. Но, ова не е оправдување за ништо. Знаеме дека мораме да дадеме повеќе од себе, за да играме подобро и да победуваме. Ние сме Јувентус. Едноставно не можеме да прифатиме ништо помалку од совршенство на теренот. Се надевам дека оваа кратка пауза ќе ни помогне да се вратиме посилни и единствени како никогаш досега, напиша меѓудругото Кристијано Роналдо.