Connect with us

Фудбал

Диего Коста нема повеќе да игра за Атлетико Мадрид

Доколку може да се верува на угледниот новинар Фабрицио Романо, Диего Коста од следната сезона нема повеќе да игра за Атлетико Мадрид. Шпанскиот тим не сака да му го продолжи договорот кој истекува на крајот на сезоната, па ќе мора да побара нов клуб.
Коста имаше доста проблеми со повредите, а во седум настапи оваа сезона постигна два гола. Со оглед на тоа дека сега тука е Луис Суарез, шпанскиот репрезентативец со бразилски корени мора да замине.