Фудбал
Само Ибра дава вакви изјави: Во Шведска имам два, а во Милан имам 25 синови!
Иако се мислеше дека Милан на крилјата на искусниот Ибрахимовиќ бележи добри резултати, сепак и без него победија на неколку меча и останаа лидери во Серие А. Оваа година ќе ја завршат како лидери, бидејќи мечот против Лацио и победата од 3:2 беше последен за 2020-та.
Ибрахимовиќ, кој е повреден, не игра, но во интервју за „7Corriere“ изјави дека многу комуницира со своите соиграчи од тимот и ги советува за иднината. Секако дека Швеѓанецот има што да им каже бидејќи на 39 години е еден од најдобрите напаѓачи. Тој сезонава на 10 меча постигна 11 голови.

Изјавата која привлече најголемо внимание е во негов стил.
Во Шведска имам двајца синови. Но овде во Милан ги имам 25 и им требам. Тоа ми го рече Пиоли и поради тоа останав, изјави Ибрахимовиќ.