Connect with us

Фудбал

Куман објасни зошто ја напушти клупата на Холандија и ја презеде Барса: „Сè се смени …“

Роналд Куман ги изненади сите ова лето кога реши да ја напушти клупата на холандската репрезентација и да ја прифати поканата на Барселона.

Куман избори пласман на Европското првенство со Холандија, кое ќе се игра следното лето, но ги изненади сите пред повеќе од половина година кога се повлече од функцијата селектор.

Само неколку дена подоцна Куман пристигна во Барселона и потпиша договор со каталонскиот клуб.

Тој пред неколку дена откри дека сè се сменило кога доживеал срцев удар во мај оваа година и токму тогаш сфатил дека мора да ја прифати понудата на Барселона бидејќи можеби веќе нема да има шанса да го води овој клуб.

„Имав мал срцев удар што некако ве тера да започнете да размислувате поинаку. Барем во мојот случај така беше. Можеби случајот со тренер на Барселона стана сега или никогаш. Не сакав да чекам повеќе и решив да ја прифатам поканата на Барселона. Не се каам за оваа одлука и јас навистина уживам да сум тука“, рече Куман.