Connect with us

Фудбал

Милјардер кој има само 22 години го купи Сандерленд

Поранешниот англиски премиерлигаш Сандерленд го потврди договорот со 22-годишниот Сирил Луис-Драјфус за преземање на клубот од сегашниот сопственик Стјуард Доналд.

Луис-Драјфус, син на поранешниот сопственик на Олимпик Марсеј, Роберт Луис-Драјфус, ќе стане претседател на англискиот клуб на почетокот на следната година, по одобрувањето на англиската фудбалска лига (ЕФЛ).

Оваа работа раѓа надеж во клуб со голема армија навивачи, кои успеаја да се „пробијат“ во третата лига откако беа редовни во Премиерлигата години порано.

Сирил Луис-Драјфус е син на Роберт и Маргарита Луис-Драјфус, и е роден во 1997 година. Роберт и Маргарита се запознале на летот од Цирих до Лондон во 1988 година додека работеле како дилери на компјутерска опрема.

Семејството Луис-Драјфус ја основа својата глобална фирма уште во 1851 година и е една од најмоќните во Европа. Роберт Драјфус се збогати со „спасување“ на големи компании како „Адидас“, каде што беше директор, и рекламната група „Сачи и Сачи“.