Фудбал
Мбапе беше единствениот од сите во ПСЖ кој зборуваше за отказот на Тухел
Прво германските, а потоа и медиумите од другите земји објавија за смената на Томас Тухел од ПСЖ.
Никој освен Мбапе од ПСЖ не кажа ниту збор за Тухел и за отказот.
„За жал, ова е закон за фудбал. Никој нема да го заборави времето што го поминавте тука. Напишавте прекрасна страница во историјата на клубот. Ви благодарам тренеру“, напиша Мбапе на Инстаграм.
Маурисио Покетино, кој веќе ги договори условите на договорот со сопственикот на парискиот клуб, треба да стане нов тренер на францускиот шампион.
47-годишниот Тухел освои две шампионски титули во Франција со ПСЖ, Купот на Франција и Лига купот и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, најголемиот успех во историјата на настапите на ПСЖ во Европскиот куп.
Како што објави „СпортБилд“ – кој прв ја објави веста за неговиот отказ – сонот на Тухел е да работи во англиската Премиер лига и во моментов е поврзан со Арсенал.