Connect with us

Фудбал

Дојде на почетокот на сезоната, а во јануари заминува од Интер?!

По три години минати во Рома, Александар Коларов пред почетокот на оваа сезона се одлучи да го засили Интер. Тој беше голема желба на Антонио Конте. Но, сепак наместо на неговата природна лева бековска или крилна позиција, тој играше како стопер, во замена за Годин кој замина.

На оваа позиција не се снајде, особено откако Шкриниар се врати во форма.

Медиумите во Италија велат дека Коларов не ги исполнил очекувањата на Конте, па веже во јануари би можел да ја смени средината. Коларов потпиша со Интер договор за една сезона, со можност за продолжување на уште една.