Connect with us

Фудбал

Како реагирале фудбалерите на ПСЖ на WhatsApp групата кога дознале дека Тухел добил отказ?!

ПСЖ пред неколку дена шокираше многумина откако одлучи да му врачи отказ на Томас Тухел. Причините наводно се контроверзно интервју за германски сајт, иако Тухел се обиде после тоа да се оправда дека лош бил преводот и дека дел од интервјуто било шега.

Сепак, како и да е тој е веќе поранешен тренер на ПСЖ. Но, „Л’Екип“ откри како фудбалерите на францускиот првак реагирале на WhatsApp групата кога дознале дека Тухел добил отказ.

Иако се мислеше дека Тухел немал добри односи со фудбалерите, сепак според она што го тврди „Л’Екип“, тоа не било така. Самите фудбалери биле изненадени, се прашувале зошто тој добил отказ и биле против одлуката на раководството на тимот. Тие бурно реагирале во таа група, во која бил и самиот Тухел кој можел да ги прочита сите коментари.