Connect with us

Фудбал

Меси внимавал на се, еден голман се лечи од алкохолизам, па шишето со пиво за него било специјално

По повод 644 голови во дресот на Барселона, со кои го сруши рекордот на Пеле за најголем број постигнати голови во еден ист клуб, Лионел Меси и неговиот спонзор „Бадвајзер“ одлучија да ги изненадат голманите кои примиле гол од Аргентинецот.

Колку голови примиле од него, толку шишенца со пиво добија, на кои беше испишана и бројката на голови во тој момент на Меси.

Сепак, имало проблем. Како да ги изненади голманите кои се муслимани. Меси и компанијата одлучиле да им испратат безалкохолно пиво. Имало и еден голман, чие име не е откриено, кој се лекувал од алкохолизам, па и неговото шише пиво било специјално, односно безалкохолно.

Очигледно дека Меси внимавал на се.