Connect with us

Фудбал

Македонскиот репрезентативен голман чека пиво од Лонел Меси

Лионел Меси и неговиот спонзор „Бадвајзер“, одлучија на посебен начин да го одбележат рекордот на Аргентинецот. Тој пред неколку дена го престигна легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови во еден ист клуб. Сега Меси за Барселона има 644, а Пеле за Сантос 643.

По тој повод Меси и „Бадвајзер“ испратија шишиња со пиво на секој голман кој примил гол од фудбалерот на Барселона. Колку голови примил, толку шишиња пиво добиваат. Меѓу голманите кои примиле гол од Лионел Меси е и нашиот Столе Димитриевски. Тој беше на голот на Рајо Валјекано минатата година кога Барселона славеше со 3:1, а Меси постигна гол од пенал.