Фудбал
Никој не сака да ја плати сумата на Интер за Ериксен
До пред само една сезона беше еден од најдобрите играчи за врска во светот. Можеби и сега е тоа, но сепак Кристијан Ериксен е во немилост кај тренерот на Интер, Антонио Конте. Италијанскиот тим ќе го продава Данецот уште во јануари. Сепак, според најновите информации, 20-те милиони евра кои Интер ги бара не сака никој да ги плати. ПСЖ, Баерн Минхен и Арсенал наводно се заинтересирани, но трите клуба не сакаат да ја платат сумата во кеш, туку да вклучат и фудбалери во размена.