Connect with us

Фудбал

Ова е клучот на успехот на Реал Мадрид, петмина играчи му се спротивставиле на Зидан, па победите почнале да се редат

По двата порази во низа од Алавес на домашен терен во Ла Лига и од Шахтјор во Лигата на шампионите, Реал Мадрид врза шест победи во низа. По поразот од Украинците победија против Менхенгладбах и ги продолжија мечевите во ЛШ, а во низа ги совладаа Севиља, Атлетико Мадрид, Гранада, Еибар и Атлетик Билбао.

Со ова, Зидан го спаси работното место. Сепак, шпанска „Марка“ открива што било клучно за пресвртот и добрите резултати. Наводно Зидан имал состанок со фудбалерите, а петмина староседелци му се спротивставиле. Тоа биле Серхио Рамос, Лука Модриќ, Карим Бензема, Крос и Касемиро. Причина било честата ротација на фудбалерите поради кои не можеле да се навикнат, па барале повеќе да игра еден постојан состав. Марка“ тврди дека Зидан без никакво противење ги послушал своите фудбалери и дал зелено светло за планот