Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Астон Вила со играч помалку го „згази“ Кристал Палас

Астон Вила имаше 1:0 од петата минута против Кристал Палас (гол на Траоре), но во завршницата на првиот дел остана без Мингс кој доби два жолти картони во период од само шест минути.

И кога изгледаше дека во продолжението Вила ќе го прокоцка водството, бидејќи имаше играч помалку, домаќинот постигна два гола и стигна до убедлива победа, стрелци беа Хаус и Ел Гази.

Со оваа победа Астон Вила дојде до одличното шесто место, сега исто бодови колку и Челзи. Кристал Палас е 13-ти со 18 бодови.