Фудбал
ВИДЕО: Ниту самиот Артета не верувал дека го победува Челзи
Конечно по серијата лоши резултати, Арсенал одигра добар меч и славеше со 3:1 против Челзи. Ниту самиот Микел Артета, тренер на „Топџиите“ не можел да поверува дека го победува големиот ривал.
-Поради се што не ни одеше во наша корист во изминатиот период, играњето на натпревари со 10 играчи, повредите, ковид, несреќните моменти кои ги имавме, почнува човек да се прашува што треба да направи да победиме, изјави Артета притоа додавајќи:
-Кога го добивме пеналот помислив, ова не е можно. Олеснување е. Горд сум на моите играчи и среќен сум што конечно ги израдувавме навивачите кои беа многу разочарани.