Фудбал
Поради бизарни причини би можел да му пропадне трансферот во Барселона
Фудбалерот на Лион, Мемфис Депај е голема желба на Роналд Куман. Не успеа да го доведе во летниот период, па ќе се обиде во јануари. Но, се појави проблем.
Наводно раководството на каталонскиот тим смета дека во моментов имаа многу офанзивни играчи, што напаѓачи, што играчи за врска кои се офанзивно ориентирани. Поради тоа би можел да пропадне трансферот на Депај.
Во моментов Барса таму ги има Меси, Брајтвајт, Фати, Гризман, Тринкао, Кутињо.
Секако постои можност некој да замине, но тоа е тешко да се очекува во моментов. Депај оваа сезона постигна осум голови и запиша четири асистенции на 17 настапи во Франција.