Фудбал
Ибрахимовиќ: Jас сум на врвот 25 години, но само еден е подобар од мене!
Златан Ибрахимовиќ за себе смета дека е најдобар. Како што вели тој, во ниту еден момент не би ја менувал наградата за најдобар фудбалер на Шведска за онаа на „France Football“ за најдобар фудбалер на светот.
-Не би ги менувал своите 12 награди за најдобар играч на Шведска за една „Златна топка“. Овие награди за мене значат континуитет. Видов многумина кои освоија таква награда и исчезнаа. Јас сум тука, на врвот веќе 25 години, вели Златан.
Сепак, себе си се смета за втор најдобар. Тоа го изјави кога го откри според него најдобриот тим на сите времиња.
-Недвед ме натера да работам повеќе. Кога го видов сфатив дека тоа што го правам не е доволно. Тој е машина, работеше и пред, но и по тренинзите. Лудак. Потоа тука се Виеира и Чави. Таа машина на Барса беше феноменална. Би го ставил Кафу, а понатаму е лесно. Зидан, Роналдо феноменот и Марадона. Марадона е најдобар на сите времиња, да тој е подобар од мене, изјави Златан.