Фудбал
Арсенал го понуди својот најскап играч на Јувентус?!
Доколку може да му се верува на „Тутоспорт“, Арсенал наводно го понудил Месут Озил на Јувентус. Озил веќе со месеци не игра кај Артета, иако во моментов е најплатениот играч на Арсенал со месечни примања околу 300 илјади фунти.
Преговорите наводно почнале, но Јувентус не сака да троши премногу пари. Наводно една од опциите да дојде во јануари на позајмица, а потоа во јуни кога ќе му истече договорот со Арсенал да потпише како слободен играч. Ова е многу веројатно со оглед на тоа дека Арсенал сака да се ослободи од Озил кој не игра, а има висока плата.