Фудбал
Корона-правилата не важат за Кристијано Роналдо?!
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо е во Дубаи, каде присуствуваше на церемонијата на доделувањето на “Globe Soccer“ наградите, а медиумите пренесуваат дека по враќањето во Торино, нема да оди во изолација, односно карантин.
Пред неколку дена итаијанската влада, или здравствените власти донесоа одлука, секој кој ќе влезе во Италија во периодот од 21 декември до 6-ти јануари да мора да биде во карантин. Но, Јувентус веќе на 3-ти јануари има натпревар, против Удинезе, па доколку треба да оди во карантин, нема да настапи на овој меч. Сепак, информациите велат дека Кристијано нема да биде во изолација, што секако предизвика лавина реакции во Италија.
Highlights of the 2020 Special Edition of the Globe Soccer Awards in Dubai. What’s your favourite moment of this magical evening? ?????#GlobeSoccer @DubaiSC pic.twitter.com/pdMk2ya232
— Globe Soccer Awards (@Globe_Soccer) December 27, 2020