Connect with us

Фудбал

ФОТО: Трагедија во Уругвај, загина познат фудбалер!

Познатиот уругвајски фудбалер Максимилиано Переира загина во тешка сообраќајна несреќа. Неговото тело е пронајдено по несреќата во областа Минас. Тој загинал откако со неговиот автомобил излетал во провалија во Салто дел Пенитенте.


По ударот, фудбалерот со автомобилот паднал во езеро. Пожарникарите и спасувачките екипи не можеле да го пронајдат телото, па биле ангажирани нуркачи кои учествувале во потрагата. На крајот го пронашле безживотното тело.
27-годишниот Макси Переира настапувал за Централ од Уругвај, Расинг, Ливерпул, Мирамар, сите од Уругвај и за Сантини од Парагвај.