Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Крај на победничката серија на Ливерпул на „Енфилд“, виновник е ВБА

Вест Бромвич Албион остана непоразен на „Енфилд“, нешто што не им успеало на многу посилни екипи од нив. Ливерпул иако водеше со голот на Садиол Мане од 12-тата минута, сепак на крајот освои само бод во пресметката со ВБА. Виновник за тоа е Семи Ајаји кој постигна гол во 82-та минута по еден корнер за гостите.

Со ова тој стави крај на победничката серија на Ливерпул на „Енфилд“ кој до овој меч имаше осум победи во низа. Седум се од оваа сезона. Ова е прв пат сезонава Ливерпул да не победи на домашен терен.

Ливерпул останува на лидерската позиција со 32 бода, додека ВБА е на претпоследното место со само осум освоени бодови.

За три дена Ливерпул му гостува на Њукасл.