Фудбал
По само два меча, Шалке повторно има нов тренер
Германскиот тим Шалке го претстави четвртиот тренер оваа сезона. Тоа е швајцарскиот стратег Кристијан Грос. Швајцарецот е четвртиот тренер оваа сезона, по Давид Вагнер, Мануел Баум и Хуб Стевенс кој привремено на два меча го предводеше тимот. Целта секако е да се обезбеди опстанок во лигата.
-Сакам да го почувствувам ентузијазмот на играчите во секое време. Треба да имаме добра атмосфера во и околу тимот за да бидеме повторно успешни. Ќе дадам сè за да можеме заедно да ги оствариме нашите цели, -порача 66-годшниот Крос .
Шалке е последен на табелата без ниту една победа во 13 одиграни кола.