Фудбал
Супер агентот Рајола се игра со нервите на фановите на Милан, дали следува уште едно фудбалско „предавство“!?
Супер агентот Мино Рајола наводно се уште не одговорил на понудата на Милан за продолжување на соработката со неговиот клиент, голманот Џанлуиџи Донарума. Доколку може да му се верува на „Кориере дело Сера“, причината за ова е тоа што менаџерот добил понуди од Интер и Јуветус за услугите на младиот голман.
Наводно Милан нуди годишна плата од 7 милиони евра за долгогодишна соработка, но сепак Рајола сакал прво да види дали може да издејствува подобри финансиски услови за Донарума, секако и за него, од Интер и Јувентус.
Донарума со 16 години застана на голот на Милан и од тогаш е незаменлив. Важи за еден од најдобрите голмани во светот во моментов.