Connect with us

Фудбал

Атлетико се согласи да го раскине договорот со Диего Коста, веќе најдоа замена за него

Шпанските медиуми вчера официјално потврдија дека Диего Коста побарал раскинување на договорот со Атлетико Мадрид.

По доаѓањето на Луис Суарез, искусниот напаѓач падна во втор план кај Диего Симеоне и сака да го смени клубот во јануари. Коста побара раскинување на договорот за да може да најде нов тим како слободен агент.

Истакнатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Атлетико го одобрило ова барање и дека за неколку дена ќе го раскине договорот со Коста и дека ќе биде слободен агент.

Наводно, Атлетико сериозно размислува да го доведе Аркадиуш Милик, кој треба да биде замена за Коста, но и резервна опција за Суарез.