Connect with us

Фудбал

Познатиот тренер од Премиер лигата: Да го прекинеме првенството, имам 66 години и не сакам да се заразам со Ковид 19

Ширум Велика Британија се појави мутиран вирус, кој побрзо се шири од стандарниот Ковид 19. Во моментов има вкупно 18 фудбалери од Премиер лигата кои се заразени. Со оглед на тоа дека нема пауза таму ниту за новогодишните празници, прв кој го крена гласот е тренерот на ВБА, Сем  Алардајс кои синоќа загубија на домашен терен со 5:0 од Лидс на нашиот Алиоски.

Тој јавно побара пауза од две недели.

– Безбедноста е поважна од фудбалот. Слушам дека новиот сој на вирусот се шири побргу од оригиналниот вирус. Во овој случај правилно е да направиме пауза. Имам 66 години не сакам да добијам Ковид-19, изјави Алардајс по мечот со Лидс.