Фудбал
Шпански новинар тврди дека знае каде Меси ќе биде за три години?!
Лионел Меси направи вистинска бура пред почетокот на оваа сезона кога побара да замине. Сепак, Барселона не сакаше да му го раскине договорот предвреме, бараше 700 милиони евра обештетување, никој тоа не сакаше да го плати, па до крајот на договорот е во каталонскиот тим.
Соработката на Аргентинецот со Барселона истекува по завршувањето на оваа сезона. Се уште нема преговори за продолжување на договорот, но тој во интервју вели дека е можно и да остане ако преговорите бидат успешни.
Сепак, кажа во истото интервју дека му е желба еден ден да игра во МЛС лигата, иако како што вели, тоа во моментов не е можно.
Но, шпанскиот новинар Хозе Антонио Понсити тврди дека тоа е можно за три години, односно во 2023-та. Како што вели тој, Меси ќе игра во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.
-Меси сака да оди во Мајами во 2023 година, а има голема желба неговите деца да можат да се школуваат таму, изјави новинарот.