Connect with us

Фудбал

Поради коронавирус малото лондонско дерби нема да се игра

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Фулам, кој требаше да се одигра вечерва е одложен. Причина коронавирус. Одлуката е донесена поради тоа што во тимот на Фулам има неколку фудбалери кои добија позитивни тестови.

Поради истите причини, пред некој ден во последен ден се одложи и мечот Манчестер Сити – Евертон, натпревар од ова коло, а на 4. декември беше одложен и мечот меѓу Њукасл и Астон Вила.

Вечерва на програмата е само мечот Њукасл – Ливерпул.