Фудбал
ВИДЕО: Прв меч на Балотели во Монца и веднаш гол, по само пет минути на теренот
Само пет минути му требаа на Марио Балотели на теренот во дресот на новиот тим Монца за да постигне гол. Тој се најде во првиот состав против Салернитана во рамките од Серие Б и се запиша во листата на стрелците.
Мечот се уште е во тек, веќе се игра речиси еден час, а Монца води со 2:0.
Ова е прв меч за Балотели во дресот на Монца, а прв настап на официјален меч по март 2020-та кога последен пат настапи за Бреша.