Connect with us

Фудбал

Пандев, Елмас, Несторовски ќе мора да се вакцинираат против Ковид 19?!

Пред три дена почна вакцинацијата против Ковид 19 во Европа. Прво се вакцинираат старите лица и најзагрозените категории, како и медицинските лица. Потоа, ќе следува вакцинација на останатите. Засега вакцината е на доброволна основа, односно кој сака може да се вакцинира, а вакцината е бесплатна.

Сепак, од Италија стигнуваат најави дека професионалните фудбалери во Серие А ќе мора да се вакцинираат сите. За да продолжи првенството и сезоната, да нема прекини и одложувања на мечевите ќе треба сите да се вакцинираат, а меѓу нив нашите репрезентативци Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Ваквиот предлог го дала Лекарската комора на италијанскиот фудбалски сојуз, бидејќи сметаат дека е бесмислено да се вакцинираат само неколку фудбалери.

-Идејата аа колективно вакцинирање неколку пати спомнувана во последните денови. Имаше и разговори со Асоцијацијата на играчите. Очигледно е дека нема друга алтернатива, ако се погледне што се случуваше во изминативе десет месеци, изјави,  Франческо Браконаро од лекарската комора.