Фудбал
ПСЖ подготвува зделка на векот, дали Серхио Рамос потврди?!
Вицешампионот на Европа има намера како слободни играчи да ги донесе Лионел Меси од Барселона, односно Серхио Рамос од Реал Мадрид. Впрочем, тоа го потврди и капитенот на „Кралевите“. Тој не сака да прифати намалување на платата од 10 отсто во Реал Мадрид, а како што се наведува, Рамос на претседателот Флорентино Перес му го пренел планот кој го има ПСЖ.
Новиот тренер Покетино исто така е сериозен во намерата да го донесе својот сонародник Лионел Меси. За ова пишува „Франс фудбал“, кој потенцира дека не би било чудно доколку Меси конечно ја промени средината.
Аргентинецот беше подготвен да замине ова лето, но челниците на Барселона тоа не го дозволија. Но, по истекот на оваа сезона тој е слободен играч, па може да бира.
Слободен играч по завршувањето на сезоната ќе биде и Серхио Рамос, па останува да се види дали од големи непријатели на теренот во Шпанија, ќе станат клупски другари во Франција.
??? ¡OJOOO! ???
?? MESSI Y SERGIO RAMOS, en
la portada de FRANCE FOOTBALL.“Libres como Messi y Ramos”.
? Anoche @jpedrerol te contaba en EXCLUSIVA que @SergioRamos le dijo a Florentino que el PSG preparaba un super equipo con él y Messi. pic.twitter.com/kIfA4tvveT
— ChiringuitoChampions (@chirichampions) January 5, 2021