Connect with us

Фудбал

Пау Торес е новиот Серхио Рамос?!

Серхио Рамос се чини дека е блиску до заминување од Реал Мадрид. Капитенот ја одбил понудата за едногодишно продолжување на договорот со клубот, па по сите шпекулации сакал да се пресели во ПСЖ, кој планира да го донесе и Лионел Меси.

Иако преговорите за продолжување на соработката траат, сепак се чини дека Реал Мадрид веќе најде замена за Рамос. Наводно тоа е Пау Торес, 23-годишниот дефанзивец на Виљареал. Тој сезонава одигра 17 мечеви за Виљареал, постигна два гола, неговиот тим е на високото четврто место, а Торес е еден од најдобро оценуваните дефанзивци сезонава. Веќе има седум меча за најдобриот состав на Шпанија.

Неговата цена во моментов се движи од 40 до 50 милиони евра.