Фудбал
Ќе заигра ли утре Ибрахимовиќ против Јувентус? Стефано Пиоли ги расчисти сите дилеми
Милан се уште е единствената екипа во Серие А која нема пораз сезонава, но и во најсилните пет лиги во Европа. „Росонерите“ се на првото место на табелата, иако веќе извесен период играат без најдобриот, но и највозрасниот Златан Ибрахимовиќ кој е повреден. Имаше информации дека е можно тој да заигра на утрешното дерби против Јувентус, но сепак тренерот Стефано Пиоли ги реши сите дилеми.
-Подобар е, добро работи, но сепак нема да биде присутен на утрешниот меч, изјави Пиоли.
Ибрахимовиќ е „аут“ од 22 ноември односно по победата од 3:1 над Наполи. Само во шест мечеви тој постигна 10 погодоци и практично го разигра Милан.
Серие А, 16.коло (среда)
Каљари – Беневенто (12:30 ч)
Аталанта – Парма (15:00 ч)
Болоња – Удинезе
Кротоне – Рома
Лацио – Фиорентина
Сампдорија – Интер
Сасуоло – Џенова
Торино – Верона
Наполи – Специја (18:00ч)
Милан – Јувентус (20:45ч)