Фудбал
Големи проблеми за Јувентус пред дербито со Милан, двајца клучни играчи позитивни на Ковид 19, следуваат нови тестови
Составот на Јувентус за утрешното дерби против Милан ќе зависи од Ковид тестовите. Откако Алекс Сандро почувствувал симптоми, беше тестиран и излезе позитивен. На најновото тестирање позитивен тест доби уште еден од клучните играчи во составот на Андреа Пирло, а тоа е Хуан Квадрадо. Колумбиецот е веќе во изолација, нема никакви симптоми.
Сепак, според информациите од Торино, во текот на денот ќе бидат направени нови дополнителни тестирања на сите останати фудбалери.
Како што е познато пред извесно време вирусот го прележаа Дибала, Роналдо, МекКени, Ругани и Матуиди.
Серие А, 16.коло (среда)
Каљари – Беневенто (12:30 ч)
Аталанта – Парма (15:00 ч)
Болоња – Удинезе
Кротоне – Рома
Лацио – Фиорентина
Сампдорија – Интер
Сасуоло – Џенова
Торино – Верона
Наполи – Специја (18:00ч)
Милан – Јувентус (20:45ч)