Фудбал
Давид Алаба претерува, ниту Реал Мадрид не му го дава она што го бара
Давид Алаба одлучил да ги одбие сите понуди на Баерн Минхен кои ги имал и наредното лето како слободен играч ќе замине од актуелниот европски првак. Сега, Реал Мадрид се смета за фаворит за следен клуб на 28-годишниот дефанзивец. Но, Алаба и неговиот менаџер Захави ги поставиле условите. Бараат плата од 12 милиони евра годишно и тоа по оданочувањето, плус бонуси, но и пари за неговиот менаџер како посредник.
Меѓутоа дел од шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид не планира да му даде се што бара Алаба. Платата од 12 милиони евра е превисока, а оваа сума сигурно нема да ја добие. Па, така тој се најде во незгодна ситуација. Неговата желба е потпис за Реал Мадрид, но никој не му ги дава условите кои тој ги бара, па ниту „Кралевите“.
Австриецот уште се поврзува со Ливерпул, ПСЖ и Манчестер Сити, па останува да се види дали некој од овие клубови ќе прифати да му ги плати високите побарувања.