Connect with us

Фудбал

Со славењето на голот, Каиседо откри дали го напушта Лацио (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио денеска ја победија Фиорентина со 2:1 на домашен терен во натпреварот од 16-то коло на италијанската Серија А.

Лацио поведе во шестата минута, а во центарот на вниманието беше напаѓачот Фелипе Каиседо, кој погоди за 1:0.

Веќе некое време се пишуваше дека Каиседо ќе го напушти Лацио овој јануари и ќе се пресели во Фиорентина, но се чини дека самиот напаѓач ќе одговори на тоа прашање.

Откако постигна гол, Каиседо го бакна грбот на Лацио и емотивно покажа колку му значи овој клуб. Италијанците веруваат дека на овој начин тој покажа дека останува во клубот и дека не сака да оди во Фиорентина.