Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гвардиола со Сити го совлада Манчестер Јунајтед и закажа финале со Мурињо

Манчестер Сити славеше со 2:0 на „Олд Трафорд“ во градската пресмета во Лига Купот против Манчестер Јунајтед.  Стонс и Фернандињо погодија за победа и пласман во финалето. Ова значи дека Пеп Гвардиола закажа финале со Жозе Мурињо кој синоќа со идентичен резултат со неговиот Тотенхем славеше против Брентфорд.

Финалето ќе се одира на 25-ми април.